За посна варијанта, филот е на база на туна, а можете да ја замените и со рендана шунка.
Состојки:
- 1 лист обланда
- 1 конзерва Тимко туна
- 3 поголеми кисели краставички
- 2 лажици препечен сусам
- 100 гр маргарин
Начин на подготовка:
- Обландата свиткајте ја во влажна крпа да омекне.
- Маргаринот разматете го, додајте исцедена туна и пропржен сусам, матете уште малку па додајте ситно сечкани краставички. Сè убаво измешајте. По желба додајте магдонос и малку компир.
- Филувајте ја обландата и свиткајте ја. Свиткајте во алу фолија и оставете да отстои најмалку 24 часа во фрижидер пред послужување.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути