Шницли во сусам сос: Никој нема да стане од маса додека не се испразни тавата!

Шницли во сусам сос: Никој нема да стане од маса додека не се испразни тавата!

Едно е сигурно – ќе го обожавате ова фантастично јадење!

Состојки:

  • 8 шницли
  • сол
  • бибер
  • 2 полни лажици брашно
  • 2 полни лажици сусам
  • масло
  • 700 мл супа или супа направена од говедски коцки
  • лист магдонос

Начин на подготовка:

  1. Шницлите исчукајте ги како за поховање, па додајте сол и бибер од едната страна. Загрејте масло во тава, 100 – 150 мл. Загрејте помеѓу среден и силен оган.
  2. Секоја шницла извалкајте ја во брашно и пржете ја од двете страни додека малку не порумени. Вадете ги шницлите на чинија.
  3. Во маслото во кое сте ги испржиле шницлите ставете сусам и остатокот од брашното. Пропржете неколку минути, па вратете ги шницлите и прелијте со супа.
  4. Намалете го огнот лесно да крцка, а пред крај додајте магдонос. Послужете топло.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text