Крцкава сланина со препечен леб и лук!

Крцкава сланина со препечен леб и лук!

Совршена комбинација на лук, сланина и леб…

Состојки:

  • 8 парчиња леб
  • 100 мл маслиново масло
  • 1 главица лук
  • сол
  • 200 гр чадена сланина Пекабеско
  • 100 гр кајмак

Начин на подготовка:

  1. Исчистете главица лук и исечкајте на што поситни парчиња. Во чинија ставете маслиново масло и исечкан лук, додајте малку сол.
  2. Потоа исечете го лебот на парчиња и натопете ги парчињата во маслиновото масло и лукот, но само од едната страна.
  3. Исечкајте ја сланината на тенки парчиња.
  4. На еден поголем плех ставете алуминиумска фолија па на неа наредете ги парчињата леб натопени во маслиново масло и лук, покрај нив ставете сланина на алу фолија.
  5. Печете во загреана рерна 15 минути на 200 степени.
  6. Извадете од рерна и послужете така што на парчињата леб ќе ставите крцкава сланина, а можете да додадете и по една лажица кајмак.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text