Колач со крушки – крцкав и мек

Колач со крушки – крцкав и мек

Рецепт за брз колач со крушки или јаболки со посебно крцкава кора. Внатрешноста е мека и сочна и ќе им се допадне на сите кои сакаат лесен вкус.

Состојки:

  • 4 поголеми крушки или јаболки
  • 250 гр брашно
  • 250 гр маргарин за колачи
  • 150 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 2 дл јогурт
  • 1 лажичка цимет
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 50-100 гр кристал шеќер за посипување пред печење

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 стпеени, намастете помал кружен калап, од прилика 25 см. Крушките или јаболките измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки.
  2. Разматете маргарин со шеќер и ванила, па ставајте едено по едно јајце со непрекинато мешање. Потоа јогурт, брашно, цимет и матете додека не добиете фина глатка маса.
  3. На крај измешајте прашок за печиво и половина од тестото ставете во тепсија, наредете овошје и прекријте со другата половина. Со лажица премачкајте го тестото да биде секаде еднакво, па обилно посипете со кристал шеќер.
  4. Колачот печете го околу еден час или додека не се уверите дека тестото е печено.
  5. Извадете го од рерна и прекријте го со крпа. Сечете и послужете со шлаг, сладолед, кафе… Уживајте!

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text