Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 35 степени.
До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време со дневни температури кои во најголем дел од земјава ќе се задржат во рамките на просекот за овој период од годината. Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот оваа облачност ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува облачно време со локален дожд и засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне.
Поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Печени тиквички со пилешко и зеленчук
Полнет ананас со ориз и пилешко
Шпагети со гриловано пилешко и песто сос
ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук