Пита со мелено месо и компир

Пита со мелено месо и компир

Оваа сочна пита послужете ја со свежа салата…

Состојки:

  • 1 среден компир
  • 1 лажичка масло
  • 500 гр свинско мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • малку цимет
  • малку мускатно оревче
  • сол
  • бибер
  • 100 мл бујон
  • 400 гр лиснато тесто
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. 
  2. Излупете го компирот, исечете го на коцки и згответе го додека не стане мек, а потоа испасирајте го. 
  3. Во тава на масло испржете сечкан кромид и мелено месо. Кога месото ќе поприми браун боја, додајте и лук, зачини, супа, бибиер, сол. Добро измешајте и тргнете од шпорет. Додајте пире од компир и оставете да се излади. 
  4. Во округол плех ставете половина од тестото. Ставете фил, поклопете со другата половина и добро затворете ги краевите. Избоцкајте ја површината со вилушка, а потоа премачкајте со разматено јајце. 
  5. Печете во загреана рерна околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text