Салата од сладок компир со шампињони и спанаќ

Салата од сладок компир со шампињони и спанаќ

Вистински оброк за гурмани. Направте топла, благо зачинета салата од сладок компир, печурки и спанаќ.

Состојки:

  • 1 голем сладок компир
  • десетина шампињони
  • 200 гр спанаќ
  • 2 пиперки
  • десетина шери домати
  • јаболков оцет
  • цимет
  • сол
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте сладок компир на коцки и ставете на плех за печење. Посипете со маслиново масло и додајте сол, пиперки и цимет. Печете 40 минути на 200 степени додека компирот не омекне.
  2. Печурките исечкани на парчиња динстајте ги на маслиново масло, додајте сол, две лажички јаболков оцет и бибер. Ова би требало да трае околу 7 минути. На крај додајте спанаќ. Гответе уште 2-3 минути да омекне. Додајте шери домати.
  3. На крај сè соединете и сервирајте.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text