Фаширани шницли на жар

Фаширани шницли на жар

Ќофтињата подготвени на жар се посебно сочни, а можете да ги подготвите и во грил тава.

Состојки:

  • 1 земичка стар леб
  • 1 главица кромид
  • 3 лажици масло
  • 600 гр мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 лажичка средно лут синап
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Натопете ја земичката во малку вода да омекне. Ситно исечканиот кромид кратко пропржете го на малку масло па, заедно со исцедената земичка, јајце, синап и бибер измешајте во меленото месо. Со раце добро соединете ја смесата.
  2. Со влажни раце обликувајте мали ќофтиња и печете ги на на скара или во грил тава.
  3. Послужете со компир салата.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text