Аспарагусот го прави ова јадење посебно. Неговиот лесен вкус одлично оди со риба како лосос!
Состојки:
- 1 кг зелен аспарагус
- сол
- 4 филети лосос (од по 200 гр)
- бибер
- 2 лажици масло
- 100 гр путер
- 30 гр сечкани бадеми
- 1 лимон
Начин на подготовка:
- Излупете го аспарагусот во долниот дел на стеблата. Отсечете ги дрвенестите краеви и гответе во посолена вода 10 минути. Исцедете и оставете на топло место.
- Посолете го лососот, побиберете и пржете на масло од секоја страна по 4 минути.
- Растопете путер, додајте бадеми и пропржете ги. Измијте го лимонот и изрендајте ја кората. Исцедете го сокот, па заедно со кората додајте го во путерот и бадемите, посолете и побиберете. Со тоа прелијте го лососот и послужете го аспарагус.
Добар апетит!
Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk
Црвена здрава чинија: Направете чорба од цвекло
Освежително и здраво: Смути од шумски плодови и цвекло
Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла
Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите
Смути на денот: Моркови во чаша
Царот на овошните сокови: Зошто треба да пиете сок од јаболка?
Слабејте и уживајте: Смути со јаболка идеално за најавените горештини