Полпети од тиквици – вакво мезе не сте јаделе

Полпети од тиквици – вакво мезе не сте јаделе

Направете вкусен деликатес со тиквици, идеален за ручек, мезе, за со пиво, за вечера или закуска.

Состојки:

  • 4 тиквици
  • 150 гр рендано сирење
  • 2 јајца
  • 150 гр лебни трошки
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажица пипер
  • сол

Подготовка:

  1. Се грее рерната на 200 степени, а во меѓувреме се рендаат тиквиците се посолуваат и се оставаат 20 минути.
  2. Се ставаат заедно со јајцата, сирењето, зачините, лукот, лебните трошки за да се добие хомогена смеса со мешање.
  3. Се прават ќофтиња и се ставаат на тава со хартија за печење.
  4. Се печат околу 20-25 минути додека не станат крцкави.
  5. Се служат со павлака или тартар сос.

Прочитајте поврзани рецепти:

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Шарска плескавица

Домашни ќофтиња

Гурманска домашна плескавица

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Ќофтиња од тиквица

Мусака со карфиол и мисиркино месо

 

 

singlepost_text