Без миксер, печење и готвење: Ова е најбрзиот и најсладок колач!

Без миксер, печење и готвење: Ова е најбрзиот и најсладок колач!

Ви донесуваме рецепт за подготовка на најбрзиот, најлесниот и највкусен чизкејк во чаша!

Состојки:

  • 100 гр мелени бисквити
  • малку млеко или сок од портокал
  • 100 гр несолено крем сирење
  • 100 мл слатка павлака
  • 150 гр шеќер во прав
  • малку смрзнато овошје по избор (капини, малини, вишни, јагоди…)

Начин на подготовка:

  1. Изберете две убави чаши со средна големина и на дното со раце убаво „сместете“ мелени бисквити, кои претходно сте ги формирале во компактна смеса со помош на млеко или сок.
  2. Во вангла со лажица за матење разматете слатка павлака и шеќер, па додајте несолено сирење и добро измешајте. Ставете во чашите преку бисквитите, а преку белиот фил распоредете овошје во количина по желба.
  3. По избор, преку овошјето прелијте овошен сируп, изрендајте чоколадо, посипете мелени бисквити. Која опција и да ја изберете, сигурно ќе уживате!

 

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text