ВКУСЕН РУЧЕК: Шницли од лосос

ВКУСЕН РУЧЕК: Шницли од лосос

Направете шницли од лосос и уживајте во прекрасниот вкус…

Состојки:

  • 250 гр свеж лосос
  • 4 лажици путер
  • 1 главица црвен кромид
  • 4 стебла целер
  • 1 мала црвена пиперка
  • половина жолта пиперка
  • 1 шолја презла
  • 1/2 шолја мајонез
  • 2 лажици сенф
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

  1. Лососот испечете го рерна загреана на 180 степени околу 15 минути. Извадете го од рерна и оставете го да се излади. 
  2. Во тава растопете 2 лажици путер и 2 лажици маслиново масло. Пропржете ситно сечкан кромид, целер и пиперки. Посолете, побиберете и оставете да се динста дваесетина минути. Оставете да се излади. 
  3. Издробете го изладениот лосос, додајте презла, мајонез, сенф и јајца. Додајте ја смесата од зеленчук и добро измешајте. Оставете во фрижидер да се излади околу половина час. 
  4. Со раце обликувајте 10 шницли и пржете ги на 2 лажици путер и 2 лажици маслиново масло додека не добијат златна боја.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text