Идеален колач за оние кои сакаат лесен, освежувачки и не многу сладок десерт.
Состојки за фил:
- 700 мл млеко
- 2 кесички пудинг од ванила
- 4 лажици шеќер
- 50 гр маргарин
Состојки за кора:
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- прстофат сол
- 3 лажици масло
Останати состојки:
- 3 лажици џем од кајсии за премачкување
- 3 банани
- 150 гр шлаг
Начин на подготовка:
- Одвојте околу 200 мл млеко и измешајте го со пудинг и шеќер, а останатото млеко загрејте го. Во загреаното млеко ставете го разматениот пудинг и мешајте на слаб оган додека не стегне. Во зготвениот пудинг додајте парче маргарин.
- Додека филот се лади направете кора од наведените состојки. Прво разматете снег од белки во кој сте додале прстофат сол, потоа додајте шеќер и матете додека снегот не стегне. Во тоа додајте жолчки, а потоа брашно и масло. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути.
- Изладената кора премачкајте ја со џем од кајсии, преку редете фил и сечкани банани. Декорирајте со шлаг. Колачот послужете го отакако добро ќе излади.
Погледнете го видео рецептот на Милица Михаиловиќ:
Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика
Полнети тиквички по најдобар рецепт
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо