Дали се испи премногу алкохол за време на Супер Купот?

Дали се испи премногу алкохол за време на Супер Купот?

Културно и во европски спортски дух помина вчерашната атмосфера за време на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој се играше во рамките на Супер Купот на УЕФА во Скопје.

За време на натпреварот немало зголемен број на лекарски интервенции од вообичаено, информираа од Министерството за здравство, а и ноќта поминала мирно и без зголемен број интервенции.

Ниту еден од домашните или странските навивачи не завршил на Клиниката за токсикологија поради претерано пиење алкохол.

„На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“, информираат оттаму.

Скопје и цела Македонија уште еднаш покажаа дека умеат да се носат рамо до рамо со европските и светски спортски престолнини. Организаторите од УЕФА, но и претставниците на тимовите јавно и се заблагодарија и и честитаа на Македонија за беспрекорната организација и атмосфера.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

(ФОТО) Како на филм – Еве во кој скопски ресторан вечераа фудбалерите на Реал и Манчестер

Роналдо во Скопје – Еве ги неговите омилени јадења и пијалоци

(ВИДЕО) Роналдо слета во Скопје, а еве ја неговата тајна за топ форма

(ФОТО) Пепси 200, пиво 250, семки 150 денари – Еве ги цените на Градски во моментов

Бесплатни лежалки, кафе 2, пиво 3,5 Евра – Еве ги цените на плажа на Тасос

2 Евра за лежалка и чадор, 2,5 еспресо, 3 евра пиво – Еве ги цените на плажа во Грција

2 Евра еспресо, 6 Евра клуб сендвич – Проверете ги овие цени на плажа во Грција

Лето на Крф: Гиро од 2,5, лежалки од 8 до 20 Евра – Еве ги цените

singlepost_text