Овој омлет е вистинска калориска бомба, но само за оние кои не водат сметка за тоа – на село никој не брои калории…
Состојки:
- 100 гр сланина Пекабеско
- 50 гр путер
- 2 компири
- 1 веза мгадонос
- лист целер
- 8 јајца
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во половина од маснотијата испржете исечкана сланина. Компирите исечете ги на тенки кругови и пропржете ги во другата половона од маснотијата. Кога ќе добијат боја, додајте сечкан магдонос и целер.
- Разматете јајца, посолете, побиберете, додајте компири, брзо измешајте и сè ставете во тавата со пропржена сланина.
- Испечете го омлетот од двете страни, но водете сметка да остане мек и со дебел слој.
- Послужете со кајмак или сезонска домат-краставица салата.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути