Брзо, лесно и вкусно: Пица погачици готови за 20 минути

Брзо, лесно и вкусно: Пица погачици готови за 20 минути

Идеални за изненадни гости или кога не сте расположени за долга подготовка…

Состојки:

  • лиснато тесто
  • доматен сос или кечап
  • сувомеснато по желба
  • кашкавал
  • пармезан
  • оригано
  • босилек
  • лук во прав или други зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 180 степени. Исечете го лиснатото тесто на кругови, па на средина на секое парче ставете лажица доматен сос или кечап, а преку сувомеснато. Потоа исечете парче кашкавал и ставете го преку сувомеснатото. Полека спојте ги краевите од тестото.
  2. Свртете ги погачиците на другата страна и премачкајте ги со јајца разматени со малку млеко. Пред печење посипете со оригано, лук во прав, ситно сечкан босилек, сусам или мешавина од зачини по избор.
  3. Погачиците наредете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна. Печете околу 20 минути, додека не поруменат.
  4. Готовите погачици посипете ги со пармезан и послужете.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text