Ослиќ во пикантен сос

Ослиќ во пикантен сос

Прелиен со пикантен сос, ослиќот е вистинско јадење за уживање…

Состојки:

  • 500 гр филети ослиќ
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици брашно
  • 800 гр варен домат
  • 3 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажица вино од ориз или суво шери
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица чили сос
  • малку шеќер

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и исушете ги рибите. Исечете ги на парчиња и извалкајте ги во брашно. Загрејте масло и пржете ги филетите по 4 минути ос секоја страна. Извадете ги и оставете ги на топло. 
  2. Ситно исечкајте кромид и лук, па динстајте 1 минута на маслиново масло. Додајте домати, вино од ориз, соја и чили сос и шеќер. Гответе 5 минути. Готовиот сос прелијте го преку пржените филети и послужете со ориз, зеленчук или тестенини.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

singlepost_text