Пиле полнето со шампињони

Пиле полнето со шампињони

Пикантно пиле кое ќе ги воодушеви сите гурмани!

Состојки:

  • 1 цело пиле
  • 4-5 парчиња стар леб
  • млеко по потреба
  • 200 гр сланина Пекабеско
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 веза магдонос
  • 1 јајце
  • 200 гр шампињони
  • сол
  • бибер
  • путер

Начин на подготовка:

  1. Исчистеното пиле добро посоелете го од надвор и од внатре.
  2. Потопете го лебот во млеко, добро исцедете го и ставете го во сад. Додајте ситно сечкана сланина, ситно сечкан кромид и лук, лист магдонос и шампињони исечкани на листови, посолете и побиберете. Смесата добро измешајте ја и наполнете го пилето, па потоа поврзете ги нозете со конец, за смесата да не истече.
  3. Од остатокот од смесата направете топчиња и наредете ги околу пилето во подлабок плех или огноотпорна тепсија.
  4. Пред печење намачкајте го пилето со малку путер, а за време на печењето наливајте го повеќе пати со сокот од печењето.
  5. Печете околу час и половина на 200 степени.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте