Хроно исхраната стана многу популарна во Македонија и регионот. Најбројната Facebook група надмина 44 илјади членови, а со овој начин на исхрана огромен број луѓе успејаа да ја достигнат посакуваната тежина и обем.
Ана ни испрати рецепт за хроно појадок – Ролат со пршута. Еве како да го приготвите:
Состојки:
- 3 јајца
- 4 парчиња Пекабеско пршута
- 1/2 мала шолја рендана зелка и морков
- хималајска сол и зачини по вкус
Начин на приготвување:
- Јајцата со солта се матат и се ставаат во претходно загреано тефлонско тавче.
- Кога јајцата убаво ќе се запржат на долната страна се трга тавчето од оган и одгоре во лента се редат пршутата и мешавината од зелка и морков.
- Се ролува во тавчето по што се префрла на тањир за послужување.
- Украсете со свеж магдонос.
- По вкус наместо пршута можете да ставите Пекабеско сланина која претходно малку сте ја пропржиле на маслиново масло за готвење.
Уживајте во овој одличен хроно појадок и на здравје!
Прочитај повеќе хроно рецепти на Gotvi.mk:
Хроно вафли – Кралски појадок со кој ќе слабеете
ХРОНО ИСХРАНА: Јадете што сакате, колку сакате, а слабеете – што е тајната?
Топ трендови во исхраната за 2017 година – правите ли нешто од ова?
Јадете буквално се а слабеете – што е тајната на хроно исхраната?
Регионот полуде, направете ХРОНО ЛЕБ – јадете а не се дебелеете
Ако не можете без леб а сакате да ослабете: Хроно лепињи готови за миг