Пијан смедеревски колач: Десерт кој ќе го правите често

Пијан смедеревски колач: Десерт кој ќе го правите често

Ова е еден од оние десерти кои морате да ги пробате!

Почна сезоната на грозје – идеално време да подготвите старски смедеревски десерт од ова овошје.

Состојки:

  • 750 гр бело или црно грозје
  • 200 гр брашно
  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 50 гр маргарин
  • половина кесичка прашок за печиво
  • 2,5 дл млеко
  • 0,5 дл коњак
  • 50 гр ореви

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад замесете тесто од брашно, јајца, шеќер и маргарин. Постепено додавајте млеко додека не добиете глатко тесто, а потоа посипете грозје и ореви.
  2. Подгответе плех за печење така што ќе го намастите со маргарин, а пред да го излеете тестото во него, пропрскајте го плехот со коњак.
  3. Ставете го тестото во плехот и печете на 180 степени 35 минути. Печениот колач посипете го со шеќер во прав.

 

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text