Слаткото од сливи е еден од омилените десерти кои се добиваат од ова овошје. Искористете ја сезоната на сливи на најдобар можен начин!
Состојки:
- 1 кг исчистени сливи
- 1 кг шеќер
- 1 дл вода
- 1 лимон
- стапче ванила
- 1 л вода
- 10 гр сода
Начин на подготовка:
- Во голем сад налијте литар вода и додајте сода бикарбона. Излупените сливи потопете ги во растворот и оставете ги да отстојат еден час, со повремено мешање.
- Измешајте шеќер со шолја вода и направете сируп. Во него додајте исечен лимон и стапче ванила и исчистени сливи и сè заедно крчкајте на средна температура.
- Се препорачува смесата да не ја мешате, туку од време на време да ја протресувате во текот на готвењето.
- После 45 минути проверете дали слаткото е готово. Доколку не е, крчкајте уште десетина минути, додека смесата не се згусне.
- Разладеното слатко ставете го во тегли.
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега