Леден чај од праска по најдобриот рецепт

Леден чај од праска по најдобриот рецепт

Летото просто мами за ваква напивка. Направете леден чај од праска и изненадете го целото тело…

Состојки:

  • 350 мл сок од праска
  • 2 излупени праски
  • 7 лажици индиски чај
  • 4 лажици шеќер
  • сок од половина лимон
  • 200 мл тоник

Начин на подготовка:

  1. 300 мл од сокот од праска ставете во сад за лед и оставете го 5 часа во замрзнувач. Праските измијте ги, исечкајте ги и измешајте ги со останатиот сок.
  2. Зовријте околу 400 мл вода па додајте го индискиот чај. Оставете го садот да стои поклопен околу 2 минути. Потоа зачинете го чајот со шеќер и сок од лимон, па оставете да се излади.
  3. Парчињата праски и ледот од праски распоредете ги во чаши. Прелијте со чај и тоник и украсете со кругови лимон.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text