Сладолед од грозје: Вистинско домашно освежување!

Сладолед од грозје: Вистинско домашно освежување!

Подгответе леден десерт кој ќе ве освежи во овие летни жештини!

Состојки:

  • 100 гр суво грозје
  • 300 гр грозје
  • 50 мл рум
  • 250 мл обезмастено млеко
  • 100 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 300 мл билна павлака

Начин на подготовка:

  1. Во чинија ставете суво грозје, прелијте го со рум и оставете да отстои.
  2. Пенасто разматете јајца со шеќер, ставете ги во загреано млеко и гответе додека масата не згусне.
  3. Разматете билна павлака, додајте суво грозје со рум и измешајте. Соединете ги двете смеси, измешајте и добро изладете.
  4. Во чаши ставете топки сладолед, посипете со зрна грозје и послужете.
  5. Ако имате стапчиња за сладолед, наместо топчиња, можете да направите и таква варијанта.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text