Кифлички од најмекото тесто на светот: Сите ќе ви го бараат рецептот!

Кифлички од најмекото тесто на светот: Сите ќе ви го бараат рецептот!

Вака меки кифли никогаш не сте јаделе, а за сè е заслужен млечниот намаз.

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажички сол
  • 1 прашок за печиво
  • ванилин шеќер
  • коцка сув квасец
  • 100 мл млеко
  • 150 мл топла вода
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 2-3 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Прво загрејте малку млеко (помалку од половина шолја) да биде топло и додајте половина лажичка шеќер и квасец. Мешајте додека квасецот не се растопи и оставете 5-10 минути за квасецот да се подигне. Во сад ставете брашно, шеќер, сол, прашок за печиво и ванилин шеќер. 
  2. Сè измешајте и додајте 1 јајце, жолчка, масло, надојден квасец и млеко, а вода додавајте по потреба. Месете додека не добиете фино и меко тесто. Додајте брашно по потреба. 
  3. Оставете го тестото да надојде околу половина час на топло место. Кога тестото ќе надојде, кинете топчиња и формирајте триаголни облици. Тие триаголници мотајте ги во кифлички. Ако сакате да ги филувате, изберете полнење по желба и премачкајте пред да ги превиткате. 
  4. Направете намаз за кифлите – со вилушка разматете јајце со малку млеко, па премачкате ги кифлите кои сте ги наредиле на плех обложен со хартија за печење. Печете 30-40 минути на 190 степени.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text