Посебен вкус на ова здраво јадење му даваат павлаката и пармезанот…
Состојки:
- 2 црвени пиперки
- 2 зелени пиперки
- 2 главици кромид
- 150 гр грашок
- 2 моркови
- 3 јајца
- 250 мл неутрална павлака
- 50 гр рендан пармезан
- сол
- бибер
- чили во прав
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Пиперките исчистете ги и исечете ги на парчиња. Кромидот исечкајте го на дебели парчиња, а морковите на тенки кругови.
- Процедете го грашокот (доколку е од конзерва, а ако е свеж или смрзнат прво сварете го) и измешајте го со останатиот зеленчук. Наредете во намастен плех или огноотпорен сад.
- Разматете јајца, додајте павлака и пармезан, сè посолете и побиберете. За оние кои сакаат луто додајте чили во прав. Прелијте го зеленчукот и запечете го во рерна околу 25 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи