Донесете го духот на Италија во својот дом, направете пица која ќе ја изедете во еден залак!
Состојки:
- 300 гр брашно
- 1 дл масло
- 1/2 лажичка сол
- 2 дл вода
- 1 кеса пармезан (80 гр)
- половина коцка квасец (10 гр)
- 100 гр шампињони
- кечап
- 100 гр трапист сирење
- оригано
- кромид по желба
Начин на подготовка:
- Брашното просејте го заедно со солта. Во 1 дл вода разматете квасец со малку шеќер. Кога ќе почне да пенее, додајте го брашното, потоа додајте и масло, остатокот од водата и пармезанот. Замесете тесто, а потоа оставете го малку да нарасне. Кога ќе се удвои, премесете го и поделете го на два еднакви делови.
- Секое топче од тесто развлечете го со раце, премачкајте со кечап и додајте го саканиот фил, но без сирење. Ставете ги пиците во рерна да се печат, а кога ќе бидат готови, на нив додајте изрендано сирење и оставете ги во рерна минута-две за сирењето да се растопи.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука