Чудни полнети пиперки

Чудни полнети пиперки

Чудно, но вкусно, задолжително пробајте. Идеално јадење за оние кои не јадат месо…

Состојки:

  • 10 зелени пиперки
  • 300 гр тиква
  • 1 главица кромид
  • 500 гр компири
  • 3 домати
  • масло по потреба
  • бибер и зачини

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете кромид, па додајте тиква и компири исечкани на коцки. Сè измешајте, зачинете и уште малку динстајте.
  2. Во сад ставете пиперки наполнети со смеса. На секоја пиперка ставете круг домат. Во садот додајте малку вода и печете во рерна.

 

Добар апетит!

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте