Баварски крем како десерт или фил за торти и колачи: Преубав сладок вкус…

Баварски крем како десерт или фил за торти и колачи: Преубав сладок вкус…

Овој рецепт е сè што ќе ви треба кога станува збор за слатки…

Направете сами баварски крем – лесен десерт кој можете да го послужите како освежувачки десерт за време на летните денови, но и како универзален крем за полнење крофни, кроасани, за филување палачинки, торти…

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 250 гр шеќер
  • 20 гр желатин
  • 6 јајца
  • 400 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги белките од жолчките, па со миксер разматете ги жолчките. Во тенџере ставете млеко и загрејте, па додајте шеќер и разматени жолчки со непрекинато мешање. Кога кремот ќе згусне, тргнете го садот од шпорет и оставете да се излади.
  2. Разматете желатин во вода, и со мешање додајте го изладениот крем. Со миксер разматете слатка павлака, па соединете со смесата од жолчки. Добро изладете во фрижидер пред послужување.
  3. Ако го служите како десерт, а не како полнење или фил, имате безброј можности – баварскиот крем послужете го со кекс, овошје, сладолед…

 

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text