Подгответе вкусно и брзо јадење!
Состојки:
- 200-300 гр обварени тестенини
- 4 пиперки во разни бои (жолта, портокалова, зелена и црвена)
- сол
- бибер
- зачин
- 2 дл кисела павлака Пекабела
Начин на подготовка:
- Пиперките измијте ги и исечете ги на кругови. Во тава ставете масло и додајте ги пиперките.
- Додајте зачин и пржете, а по десетина минути додајте зготвени тестенини. Ако треба, јадењето малку посолете го и побиберете го и лесно измешајте, за тестенините да се запечат.
- Кога ќе добиете убава боја, јадењето тргнете го од оган, оставете го неколку минути да се излади, додајте кисела павлака, измешајте и послужете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути