Посвежо па повторно пекол – викенд временска, еве што не чека

Посвежо па повторно пекол – викенд временска, еве што не чека

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и услови за локални краткотрајни врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика намалување на температурата на воздухот. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 25 до 32 степена.Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 29 степени.

Од петок ќе настапи стабилизација на времето со повторен пораст на дневната температура, која во деновите од викендот ќе се движи од 30 до 39 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса, во текот на наредната седмица се очекува стабилно, суво и уште потопло време.

Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text