Полнети пиперки со компир (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Полнети пиперки со компир (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Пиперките полнети со компир се едно од најубавите јадења. Овој рецепт е совршен, пиперките и полнењето се многу сочни…

Состојки:

  • 7 пиперки бабури
  • 1.2 кг компири
  • 3 јајца
  • 2 помали главици кромид
  • 1 лажичка сув зачин
  • 1 лажичка лук во прав
  • малку бибер
  • сол
  • 1 дл масло
  • лист магдонос
  • куркума по желба

Начин на подготовка:

  1. Компирите добро измијте ги и ставете ги да се варат во лушпа. За тоа време исечкајте кромид на коцки и пржете на слаба температура. За кромидот одвојте малку масло. Подгответе ги и пиперките, измијте ги и исчистете ги. 
  2. Сварените компири излупете ги со раце, изгмечете ги па измешајте ги со јајца, пржен кромид и зачини. Ставете уште малку масло во филот па полнете ги пиперките. 
  3. Редете ги на намастена тепсија, секоја пиперка затворете ја со петелка. Од горе ставете малку масло, прекријте со фолија и печете околу еден час на 220 степени. Пред крај тргнете ја фолијата и печете додека пиперките не поруменат. 
  4. Послужете со салата, кисела павлака или кајмак.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци