Ролат со тиквици без брашно (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Ролат со тиквици без брашно (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Исклучително вкусен ролат кој лесно ќе го направите, без брашно па погоден е за оние кои се на посебна безглутенска исхрана. Филот можете да го прилагодите по свој вкус.

Состојки:

  • 2 помали тиквици (500 гр)
  • 5 јајца
  • 150 гр кашкавал
  • сол (1 лажичка за кората и 2 прстофати за тиквиците)
  • неколку листови магдонос

Состојки за фил:

  • 200 гр крем сирење
  • 150 гр тенко сечкани димени пилешки гради (може и нешто друго)

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците добро измијте и неизлупени изрендајте ги, посолете и оставете околу 15 минути. Потоа исцедете ги и измешајте ги со разматени јајца. Посолете, додајте исечкан лист магдонос и изрендано сирење. Излејте во тепсија обложена со хартија за печење и печете околу 30 минути на 180 степени. 
  2. Оставете кората да се излади па премачкајте ја со крем сирење, наредете пилешки гради и свиткајте. Пред сечењето ролатот задолжително треба да отстои во фрижидер за да стегне и да се спојат вкусовите.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text