Подгответе вкусна млечна пита по едноставен рецепт…
Состојки:
- 8-9 кори за пита
- 100-150 гр путер
- 4 јајца
- 150-200 гр шеќер
- 300 мл врело млеко
- 2 лажици ситно мелено пченкарно брашно
- 1/4 лажичка цимет
- арома ванила
- шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
- Намастете тепсија со путер. Корите свиткајте ги и редете ги во круг од надвор кон внатре.
- Премачкајте ги корите со растопен путер. Посипете со цимет и печете на 180 степени околу 25 минути.
- Во меѓувреме направете фил. Пенасто разматете јајца со шеќер. Додајте пченкарно брашно и врело млеко во кое сте додале малку ванила.
- Прелијте ги корите со овој фил и допечете уште 25 минути. Посипете со шеќер во прав.
Добар апетит!
Дали некогаш сте виделе долги јајца? Нема да верувате како се прават
ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?
ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови
ВИДЕО: Оваа декорација се прави за минута, а сите ќе ги воодушеви
ВИДЕО: Еве како да направите декоративна роза од домат за минута
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца
ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи
ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин