Меки кифлички кои се топат во уста, а такви остануваат и наредниот ден. Полнете ги по желба, но и празни се преубаави…
Состојки:
- 1,2 кг брашно
- 2 дл млако млеко
- 4 дл јогурт
- 40 гр квасец
- 2 дл масло
- 1 лажица шеќер
- 2 лажички сол
- 200 гр маргарин
- 3 јајца (2 жолчки за тестото, цело јајце за премачкување)
- 200 гр ситно сирење
- 100 гр фета сирење
Начин на подготовка:
- Прво ставете го квасецот да надојде, измешајте го со половина децилитар млако млеко, 1 лажица шеќер, 2 лажици брашно.
- Во вангла измешајте брашно, сол, додајте го надојдениот квасец, масло, јогурт, млеко и замесете меко тесто. Оставете покриено да стои околу 30 минути.
- Поделете го на 4 дела и секој развлечете го во круг, исечете 16 делови, ставете фил, па свиткајте кифлички.
- За филот измешајте ситно сирење, фета, белки и малку сол.
- Редете ги кифлите на со маргарин намастен плех, премачкајте со разматено јајце и на секоја кифла ставете коцкичка маргарин. Оставете ги околу 10 минути да отстојат додека рерната се загрева на 200 степени и печете додека не поруменат.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот