Качамак – рецепт како правилно да зготвите палента (ВИДЕО)

Качамак – рецепт како правилно да зготвите палента (ВИДЕО)

Совршената густина на качамакот не е лесно да се добие и затоа треба да се придржувате на мерките и должината на готвење. Во продолжение ви пренесуваме видео рецепт за секогаш фина и кремаста палента.

Состојки:

  • 1,5 л вода
  • 0,5 кг палента
  • 2 лажички сол
  • полна лажица путер или маргарин

 

Останати состојки:

  • сирење
  • јогурт
  • кајмак
  • кисело млеко
  • испржен колбас
  • шеќер, мед или млеко (доколку правите слатка палента)

Начин на подготовка:

  1. Зовријте ја водата со путер и посолете. Додајте палента со постојано мешање. Намалете ја температурата и гответе 10-15 минути. Постојано мешајте. 
  2. Послужете со додатоците по ваш избор. 
  3. Палентата може да се сервира со разни јадења, месо со преливи или зачинета со вашиот омилен зачин.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text