Кремаста торта од пишкоти и овошје: Цело семејство ќе ја обожава!

Кремаста торта од пишкоти и овошје: Цело семејство ќе ја обожава!

Искористете сезонско овошје и направете ја оваа лесна летна торта!

Состојки:

  • 1 големо пакување пишкоти
  • 3 кисели павлаки Пекабела
  • 250 мл слатка павлака
  • 1 кесичка шлаг
  • 6 банани (или овошје по избор)
  • 250 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад разаматете слатка павлака, па во неа додајте три кисели павлаки и шеќер. Во друг сад разматете шлаг од кесичка. Загрејте млеко во кое полека ќе ги потопувате пишкотите и излупете ги бананите и исечкајте ги на кругови. 
  2. Во правоаголен плех/сад од стакло, редете ред натопени и исцедени пишкоти, ред слатка павлака, па банани, па обичен шлаг. И така додека не дојдете до врвот на садот. Последниот слој треба да биде шлаг. 
  3. Тортата ставете ја во фрижидер на еден час. Потоа исечете ја тортата и послужете. Уживајте во овој кремаст десерт!

 

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text