ЛЕДЕН ПУДИНГ КОЛАЧ: Најдобриот летен десерт!

ЛЕДЕН ПУДИНГ КОЛАЧ: Најдобриот летен десерт!

Ќе ве разлади подобро од сладолед!

Се прави брзо, нема кора, туку само два фила кои одат еден преку друг, а вкусот долго ќе го памтите.

Состојки:

  • 2 пудинга од чоколадо
  • 1 л млеко
  • 400 гр шеќер
  • 2 степ сокови
  • 2 шолји гриз

Начин на подготовка:

  1. Згответе два пудинга од чоколадо по упатството на кесичката (со литар млеко и околу 100 гр шеќер). Зготвената густа смеса ставете ја во длабока тепсија која претходно сте ја навлажниле со вода.
  2. Во 1 литар вода додајте 300 гр шеќер. Кога ќе зоврие, додајте 2 степ сокови, со вкус по желба, потоа полека додајте 2 шолји гриз. Кога ќе се зготви и згусни излејте ја смесата преку изладениот пудинг.
  3. Посипете од горе со трошки чоколадо и какао.
  4. Пред послужување добро изладете и уживајте!

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text