Ќе се расипе времето за викендот – еве што да очекуваме

Ќе се расипе времето за викендот – еве што да очекуваме

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 32 степена.

Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Во недела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде само малку над 20 степени.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text