ОМИЛЕНО ЈАДЕЊЕ: Компир шницли

ОМИЛЕНО ЈАДЕЊЕ: Компир шницли

Компирите им се омилени на многумина. Се подготвуваат на повеќе начини, а можат да послужат како прилог или како главно јадење.

Еве еден рецепт за компири подготвени на малку поинаков начин…

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 250 гр кравјо сирење
  • 1 главица комид
  • малку пиперка
  • 20 гр презла
  • 2 дл масло
  • 1 јајце
  • сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Излупете го кромидот, измијте го и изрендајте го. Компирите измијте ги, излупете ги и повторно измијте ги. Потоа зготевете ги па добро изгмечете ги.
  2. Од компирите, сирењето, кромидот, презлата, пиперките и солта замесете тесто. Од тестото направете шницли. Пржете ги на загреано масло, од двете страни, убаво да поруменат.
  3. Шницлите од компири послужете ги со некој пикантен сос.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство