ПРЕУБАВА: Сладолед торта со орео кекс (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

ПРЕУБАВА: Сладолед торта со орео кекс (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Ќе ја направите за помалку од половина час, а ќе добиете преубава торта на изглед и вкус. Уште кога добро ќе ја разладите, ќе имате вистинска сладолед торта!

Состојки:

  • 700 мл слатка павлака
  • 400 гр кисела павлака
  • 150-200 гр шеќер во прав
  • 280 гр бисквити
  • 240 гр орео кекс (две кутии)
  • растопено чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Издробете 150 гр бисквити и една кутија орео кекс. Разматете слатка павлака со шеќер и кисела павлака па измешајте ги издробените кекси и бисквити. 
  2. Со фолија обложете голема вангла па ставете половина од масата. Израмнете и наредете во круг орео кекси од другата кутија па од горе премачкајте со останатиот дел од масата од слатка павлака. 
  3. Потоа ставете ред бисквити малку потопени во вода, прекријте со кеса и оставете да стои во фрижидер до наредниот ден. 
  4. Свртете ја тортата на поголема чинија или тацна, отстранете ја фолијата, па прелијте со растопено чоколадо.

 

Уживајте!

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text