НЕ СЕ ПЕЧЕ: Кремаста торта со ананас

НЕ СЕ ПЕЧЕ: Кремаста торта со ананас

Сочна, вкусна, освежувачка… Оваа торта ќе ве воодушеви при првиот залак!

Состојки:

  • 1/2 л млеко
  • 200 гр шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 150 гр бело чоколадо
  • 125 гр путер или маргарин
  • 1 пакување пишкоти
  • 1 кисела павлака
  • 300 гр шлаг крем
  • 250 гр шлаг пена
  • 1 конзерва ананас

Начин на подготовка:

  1. Млекото згответе го со 7 лажици шеќер па тука згответе го пудингот и во врелата маса додајте чоколадо и добро измешајте. Кога добро ќе се излади, додајте разматен маргарин, кој сте го измешале со остатокот од шеќерот. Разматете шлаг крем па во него додајте половина од павлаката.
  2. На послужавник ставете обрач за печење торта, па во него наредете прво пакување пишкоти кои сте ги потопиле во сокот од ананас. Нив премачкајте ги со жолт крем. Потоа друго пакување пишкоти. На крај ставеете го првиот дел од белиот крем, па наредете ананас, па другиот дел од белиот крем. Од горе ставете разматен шлаг (пена). Украсете по желба.

 

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text