БРЗ И ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ: Залаци растопено чоколадо во неодоливи колачи

БРЗ И ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ: Залаци растопено чоколадо во неодоливи колачи

Американските колачиња со парчиња темно чоколадо се како создадени за љубителите на малку посилни вкусови.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 5 лажици млеко
  • 100 гр шеќер
  • 125 гр путер
  • 200 гр горко чоколадо за готвење
  • 5 полни лажици какао
  • 250 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги белките, па додајте жолчки, потоа ставете шеќер и додајте млеко. Исечете путер на парчиња па додавајте путер и брашно наизменично, додека тестото не стане густо. Додајте какао. Чоколадото исечкајте го на коцки и парчиња и додајте го во тестото. Разматете со лажица.
  2. Рерната загрејте ја на 200 степени. На плех ставете хартија за печење и на неа редете дел по дел од тестото со супена лажица. Колачињата се печат околу 13 минути. Прободете го тестото со лажичка, ако на неа не остане тесто, колачињата се готови.
  3. Послужете со млеко и уживајте!

 

Повеќе на Готви.мк:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Пржена банана

Топ 10 Gotvi.mk рецепти со палачинки

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет