Шери пилешко

Шери пилешко

Необична комбинација на пилешко месо со вишни…

Состојки:

  • 600 гр пилешко бело месо
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • 200 гр вишни
  • 250 мл сок од вишни
  • цимет
  • 15 гр шеќер
  • 150 гр брашно
  • 2 јајца
  • рузмарин

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото филе исчукајте го, посолете го, побиберете го и испечете го на загреано маслиново масло.
  2. Во друг сад ставете вишни и сок од вишни, загрејте и додајте цимет и шеќер. Густинот разматете го во вода и згуснете го сосот од вишни.
  3. Разматете јајца, додајте постепено брашно, рузмарин и мешајте додека масата не биде компактна (ако е потребно поради густината додајте малку млеко).
  4. Со супена лажица вадете кнедли и гответе ги во врела вода. Сервирајте ги кнедлите и пилешкото на чинија, па прелијте со сос од вишни.
  5. Совет: Важно е да не претерате со додавањето цимет како би дошла до израз аромата на овошјето.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text