Паштета од туна

Паштета од туна

Вкусна паштета од туна…

Состојки:

  • 4 лимони
  • 1 лажица исчистени фстаци
  • 200 гр Тимко туна
  • 100 гр маргарин
  • 1 лажица сечкан праз
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

Directions

  1. Фстаците ставете ги на неколку минути во врела вода, па отстранете ја тенката кора. Лимоните добро измијте ги, избришете ги, исечете на врвовите, па со остар нож и со лажичка исцедете го сокот и издлабнете ја средината.
  2. Туната од конзерва исцедете ја од масло и изгмечете ја со вилушка. Маргаринот разматете го пенасто, додајте изгмечена туна и сè заедно испасирајте. По вкус посолете, побиберете, додајте сечкан праз, зачинете со сок од лимон и додајте фстаци.
  3. Со оваа маса наполнете ги лимоните и ставете ги неколку часа во фрижидер.
  4. Пред сервирање со врел нож исечете ги филуваните лимони на кругови и послужете ги со свеж бел леб.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text