РОЛАТ ОД ТИКВИЦИ И СИРЕЊЕ: Највкусното предјадење на светот!

РОЛАТ ОД ТИКВИЦИ И СИРЕЊЕ: Највкусното предјадење на светот!

Ако ви здосади стандардниот начин на подготовка на тиквици, ви предлагаме да ги пробате во сочен солен ролат!

Состојки за кора:

  • 850 гр тиквици
  • 4 полни лажици меко брашно
  • 4 мали јајца
  • 1 лажичка сол
  • прстофат бибер

Состојки за фил:

  • 250 гр сирење
  • 250 гр кисела павлака Пекабела
  • 150 гр шунка или друго сувомеснато Пекабеско

Начин на подготовка:

  1. Добро измијте ги тиквиците и отсечете ги краевите. Изрендајте ги и посипете ги со лажичка сол. Оставете ги да отстојат. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. 
  2. Разматете белки па додајте жолчки. Потоа додајте брашно и исцедени тиквици. Сè измешајте, па благо намастете голем плех од рерна и обложете го со хартија за печење. Ставете ја смесата во плех, намалете ја рерната на 180 степени и печете ја кората околу 35 минути. Извадете од плехот, па така со хартија свиткајте и оставете да се излади. 
  3. Разматете павлака со сирење. Кога свитканата кора од тиквици ќе се излади, одвиткајте ја па премачкајте ја со половина од филот, наредете ред шунка и преку нанесете го остатокот од филот. Свиткајте во ролат, па во хартија за печење и ставете во фрижидер малку да отстои, да стегне и вкусовите да се соединат.

 

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак