Ова е НАЈВКУСНАТА ПИТА која морате да ја направите барем еднаш!

Ова е НАЈВКУСНАТА ПИТА која морате да ја направите барем еднаш!

Оваа пита се прави со мелено месо и сирење, а се додаваат и други состојки. Овој специјалитет е карактеристичен на Балканот, а неговиот вкус е феноменален!

Состојки:

  • 750 гр кори за пита
  • 500 гр мелено месо
  • 400 мл кисела павлака Пекабела
  • 750 гр сирење
  • магдонос
  • 1 главица кромид
  • 5 јајца
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • 1/2 лажица копар
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тава со загреано масло испржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додајте мелено месо. Посолете, побиберете, додајте лажица мешавина од зачини, копар, исечкан магдонос и измешајте.
    Во длабок сад крупно изрендајте сирење, додајте 4 јајца и 200 мл кисела павлака. Посоелете и соединете ги состојките.
  2. Намастете тепсија и ставете кора, која ќе ја свиткате до големината на тепсијата, па ставете уште една кора. Нанесете го испрженото месо со кромид и уште 6 згужвани кори. На нив ставете фил од сирење, јајца и павлака. Потоа нанесете згужвани кори, во целост прекривајќи го филот.
  3. На корите ставете мелено месо, па уште две кори. Пропрскајте ги корите со масло и премачкајте ја целата површина.
  4. Печете еден час на 180 степени. Исечете ја питата на парчиња и потоа останатата павлака разматете ја со јајце и нанесете на секое парче пита. Печете уште 40 минути на иста температура, па послужете.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text