Ролни со виршли и готови кори

Ролни со виршли и готови кори

Не треба ништо да месите за да добиете фино печиво со виршли. Ќе ги направите подеднакво добро како и да сте ги меселе.

Состојки:

  • 5-6 виршли
  • 500 гр тенки кори
  • 2 дл јогурт
  • 3 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 дл масло
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, додајте јогурт, масло, сол, брашно, прашок за печиво. Кога масата ќе стане глатка како за палачинки, земете една кора, премачкајте ја со намазот, преклопете ги страните кон средина, повторно премачкајте и уште еднаш превиткајте да добиете една лента. И неа премачкајте ја тенко па на крај ставете половина виршла, свиткајте и редете на намастена тепсија па оставете да отстои додека рерната се загрева. Секоја премачкајте ја со остатокот од преливот и печете на 220 степени.
  2. Печените виршли прекријте ги со крпа, и веќе после 10-15 минути можете да ги послужите.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text