Домашен ладен чај – без варење

Домашен ладен чај – без варење

Не е потребно да ја зовриете водата како би уживале во ароматичните вкусови на омилениот чај!

Состојки:

  • 1 л вода
  • 4 филтер вреќички или 4 лажички чај
  • додатоци по избор (мед, нектар од агава, сок од лимон или друг овошен сок, листови мента, зачини…)

Начин на подготовка:

  1. Водата на собна температура ставете ја во тегла или поголема шолја па додајте чај. Теглата или шолјата поклопете ја и оставете ја во фрижидер 6 до 12 часа. Отстранете ги филтер вреќичките или листовите чај па засладете по вкус и, ако сакате, измешајте сок од лимон или некој додаток.
  2. Дел од водата (на пример четвртина) можете да ја замените со овошен сок, па чајот оставете го да отстои во таа мешавина. И зачините и свежите зачински билки можете да ги додадете пред да го оставите чајот во фрижидер, па нивниот вкус ќе биде поинтензивен.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко