ЗА СИТЕ ПРИЛИКИ: Царска чорба

ЗА СИТЕ ПРИЛИКИ: Царска чорба

Исклучително здрава чорба, идеална за секој ден, како и за неделниот ручек или било која друга значајна прилика.

Состојки:

  • пилешко за супа (остатоци)
  • десетина ситни цветови карфиол
  • 2 моркови исечкани на кругови
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2-3 супени лажици гриз
  • 2 јајца
  • 2 лажички сол
  • малку вегета
  • 1/2 лажичка ѓумбир или малку бибер (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото и кромидот ставете ги да се готват во околу 3 литри вода. Пред крај додајте брокули, карфиол и моркови, додајте сол, ѓумбир и вегета. Гответе додека не омекнат. Кога сè ќе биде зготвено извадете ги месото и кромидот. Месото исчистете го од коски, исечкајте го ситно, па вратете го во чорбата.
  2. Во меѓувреме со вилушка разматете јајца со 2 лажици гриз, па смесата разредете ја со малку течност од чорбата, па полека со мешање ставете ја повторно во чорбата. Гответе уште околу 3 минути – и царската чорба е готова.

 

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула