Телешко со бамја

Телешко со бамја

Подгответе вкусен ручек…

Состојки:

  • 400 гр телешко месо
  • 100 гр бамја
  • 1 лажица мелена сува бамја
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 моркови
  • 1 веза магдонос
  • 1 веза лист целер
  • 1 лажица концентрат доматно пире
  • сок од лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измијте ја бамјата и згответе ја во студена вода. Откако водата ќе зоврие, истурете ја водата, па бамјата ставете ја во чиста вода со малку сок од лимон. Кога бамјата ќе набабри извадете ја од водата.
  2. Ситно сечкана главица кромид пропржете на загреано масло. После кратко пржење додајте моркови насечкани на кругови, па телешко исечкано на парчиња.
  3. Сè заедно лесно динстајте постепено додавајќи вода. Додајте концентрат доматно пире, сечкан магоднос, целеров лист, зготвена бамја, сол и бибер.
  4. За уште попикантен вкус зачинете го јадењето со лимонов сок.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко